Şenhan Bolelli
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Шпанскиот државен обвинител, Жозе Мануел Маза, ги поднесе до судот барањата за подигање обвиненија против претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон, и против други високи претставници на покраината, кои се товарат за бунт и злоупотреба на јавни добра, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот Maза рече дека до Националниот суд во Мадрид поднел барање за подигање обинение против Пучдемон и други официјални претставници на Каталонија кои се отстранети од функцијата, а до Врховниот суд предал такви барања против претседателката на парламентот, Кармен Форкадел, и против други официјални претставници на Парламентот, кои и понатаму ги извршуваат функциите.
Тој истакна дека обвинението е подигнато заради едностраното прогласување независност на Каталонија пред три дена, што претставуваше кулминација на кризата којашто во покраината трае веќе две години, и рече дека одговорните треба да одговараат пред шпанските судови.
Судовите сега ја разгледуваат оправдноста на обвиненијата што се однесуваат на сменетите членови на владата, претседателот Пучдемон, неговиот заменик Ориол Жункерас и уште 12 членови, како и против претседателката на каталонскиот Парламент, Форкадел, и петмина членови на раководството на таа институција.
Обвинителството бара по поднесувањето на обвинението да се утврди и кауција во висина од 6,2 милиони евра за бранење на обвинетите од слобода.