Vesna Besic
08 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ЛИМА
На Универзитетот „Сан Маркос“ во Лима, Перу, изложена е мумија која била врзана со јаже, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мумијата од Кахамаркила“, за која се претпоставува дека е стара помеѓу 800 и 1.200 години, ја пронајдоа археолози од „Сан Маркос“ во едно од најголемите перуански наоѓалишта - Кахамаркила, кое се наоѓа на околу 15 километри од Лима.
Мумијата била врзана со јаже, што укажува на нејзиниот можеби морничав крај на животот. Се смета дека станува збор за посмртни останки на маж, на возраст помеѓу 18 и 22 години. Во моментот на смртта, тој со раце го покривал лицето.