Ekip
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Индискиот воен хеликоптер во кој се наоѓал началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Бипин Рават, се сруши денеска во јужната држава Тамил Наду, велат официјални лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Хеликоптер „Ми-17В5“ со генералот Рават се сруши во близина на Конор“, се наведува во соопштението на индиските воздушни сили.
„Наредена е истрага за да се утврдат причините за несреќата“, соопшти индиското воздухопловство.
Висок воен претставник за АА изјави дека во областа се во тек спасувачки операции.
Не е познат бројот на луѓето кои ја преживеале трагедијата, како ни бројот на повредените и загинатите.
Рават во 2019 година беше именуван за прв началник на Генералштабот на Индија.