Ekipa
06 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
КАБУЛ (АА) - Авганистански официјален претставник истакна дека двајца синови и двајца внуци на племенскиот водич загинале кога бомбашот самоубиец удрил во семејниот автомобил по Бајрамската молитва во северната покраина Сари Пул, јавува Anadolu Agency (AA).
Заби Амани, портпаролот на гувернерот на покраината, изјави дека племенскиот водач Рахим Кан не бил во автомобилот во моментот на нападот. Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, кој се случи денес, кога муслиманите ширум светот го славеа Курбан бајрам.
Амани истакна дека се претпоставува дека мета на нападот бил Кан, а освен четирите загинати лица, едно лице е повредено.
Талибанците во последно време ги зајакнаа нападите против авганистанските безбедносни сили, владините официјални лица и племенските водачи ширум земјата.