Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
РОЛИ (АА) - Американскиот бизнисмен и кандидат на Републиканската партија на ноемвриските претседателски избори во САД, Доналд Трамп, повторно го привлече вниманието на американската и светска јавност со пофалните зборови за поранешниот лидер на Ирак, Садам Хусеин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Велат дека Садам Хусеин беше лош човек, нели? Меѓутоа, знаете ли во што беше исклучително добар? Во убивање терористи. Тој навистина добро ја работеше таа работа”, изјави Трамп за време на предизборниот митинг во Северна Каролина.
Трамп додаде дека Ирак денес станал „Харвард на тероризмот”.
Харизматичниот Трамп и претходно рече дека светот денес би бил „сто посто подобро место за живот” да се живи и да останаа на власт ирачкиот лидер Садам Хусеин и либискиот лидер, Муамер Гадафи.