Ekipa
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
САНА (АА) - Најмалку десет лица загинаа во самоубиствен напад со автомобил-бомба кај воената база во близина на меѓународниот аеродром во Аден, во јужниот дел на Јемен, соопштија официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачите, како што наведоа неименувани официјални лица, активирале автомобил со експлозив на влезот од воената база и овозможиле во неа да влезе друго возило, кое експлодирало во базата.
Помеѓу војниците и напаѓачите, притоа, избија судири во базата, кои ги блокираа владините сили, испратени како зајакнување.
Се очекува бројот на жртви да се зголеми.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.