Sayed Khodaiberdi Sadat
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
КАБУЛ (АА) – Четиринаесет припадници на безбедносните сили загинаа во напади на талибанските милитанти врз воените и полициските објекти во покраината Кундуз во северен Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството на Кундуз, Есматулах Муради, во изјава за медиумите рече дека милитантите извршиле вооружени напади врз воените и полициските станици во областите Имам Сахип и Чардере во покраината Кундуз.
Тој соопшти дека 14 припадници на безбедносните сили ги загубиле животите, а двајца се повредени.
Муради истакна дека во судирите по нападот убиени се тројца милитанти, а четворица се повредени.
Од друга страна, талибанците наведоа дека убиени се 19 припадници на авганистанските безбедносни сили.