Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ВАРШАВА (АА) – Изборната комисија на Полска соопшти дека актуелниот претседател Анджеј Дуда, со освоени 51,21 отсто од гласовите, победил во вториот круг од претседателските избори што се одржаа вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Изборната комисија, Силвестер Марчиниак, рече дека изброени се 99,97 отсто од гласовите и дека според неофицијалните резултати Дуда е победник на изборите.
Марчиниак истакна дека претседателот на Полска, Анджеј Дуда, во вториот круг на изборите освоил 52,21 отсто од гласовите, додека неговиот ривал, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшаковски, кој ја претставува опозициската партија Граѓанска платформа, освои 48,79 отсто од гласовите.
Претседателот на Изборната комисија исто така рече дека гласовите продолжуваат да се бројат но тоа нема да го промени резултатот.
Во земјата во која има приближно 30 милиони избирачи, на изборите гласале рекордни 68,12 отсто од гласачите.
Според неофицијалните резултати, Дуда, кој е избран за претседател по втор пат, функцијата ќе ја продолжи уште пет години.
Во првиот круг од претседателските избори во Полска, одржани на 28 јуни, учествуваа 11 кандидати. Дуда освои 43 отсто од гласовите, а Тшаковски 30 отсто.