Ali Cura
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 733.699, додека бројот на починати како последица на овој вирус се зголеми на 11.439, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа откриени се уште 6.537 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата порасна на 733.699.
Во последното деноноќие во земјата починаа уште 104 лица како последица на овој вирус. Со ова вкупната бројка на починати во Русија се зголеми на 11.439.
Во земјата во последните 24 часа излекувани се 2.960 пациенти, вкупно досега 504.021.
Асимптоматски се 25,6 отсто од новите случаи со коронавирусот.
Се истакнува дека во последните 24 часа направени се 261.000 тестирања, вкупно досега се спроведени над 23.200.000 тестирања за Ковид-19.
Потенцирајќи дека смртните случаи на Ковид-19 во Русија се пониски од оние во другите земји, рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека нивото на бројот на дневни случаи на Ковид-19 е стабилно, а бројот на излекувани се зголемува.
„Секако дека борбата против оваа закана продолжува. Важно е да ја гледаме оваа позитивна динамика. Сега, се разбира, битно е да се дејствува внимателно и да се продолжи со напорите за надминување на штетата предизвикана од епидемијата во економијата и социјалната сфера“, додаде Путин.
Во главниот град Москва од денеска носењето на заштитни маски на улиците не е задолжително.
Носењето маска и ракавици останува да биде задолжително во јавниот превоз, здравствените установи и маркетите.