Muhammet Kurşun
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран во последните 24 часа починаа уште 203 лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 13.032, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа починале 203 лица, додека откриени се 2.349 нови случаи.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 13.032, додека вкупниот број на откриени случаи порасна на 259.652.
Лари нагласи дека 3.375 од пациентите се наоѓаат во тешка состојба, и дека 22.539 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Според Лари, досега во земјата направени се 1.997.967 тестирања за Ковид-19.