Ruslan Rehimov
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, истакна дека азербејџанската Армија се одмаздила за војниците кои загинаа во судирите на границата помеѓу Азербејџан и Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алијев поради вчерашните судири на азербејџанско-ерменската граница имаше обраќање на состанокот на Советот за безбедност.
Наведувајќи дека азербејџанската Армија ја спречила провокацијата на Ерменија и го дала потребниот одговор, Алијев рече: „Сите напори на Ерменија пропаднаа, Азербејџан ја заштити својата граница, а ерменските војници не успеаја да влезат ниту сантиметар на територијата на Азербејџан.“
Алијев рече дека ситуацијата на границата е сè уште тензична, и дека целата одговорност за тоа е на администрацијата на Ерменија.
Наведувајќи дека Ерменија од една страна бара помош од меѓународната заедница за зајакнување на прекинот на огнот на граничната линија, Алијев рече дека од друга страна ги напаѓа териториите на Азербејџан.
„Оваа грда и подмолна политика Ерменија ќе ја одведе до бездната. Азербејџан ќе продолжи да го штити својот територијален интегритет и своите граници. Возвратниот одговор вчера попладне уште еднаш го покажа тоа. Се одмаздивме за нашите војници“, нагласи Алијев.