свет

Израел во првата половина од оваа година приведе 2.330 Палестинци

Во израелските затвори има 4.700 палестински затвореници од кои 365 се административни притвореници, 160 деца и 41 жени

Esat Fırat  | 13.07.2020 - Обновена : 14.07.2020
Израел во првата половина од оваа година приведе 2.330 Палестинци

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили во првата половина од 2020 година приведоа 2.330 Палестинци на окупираните и под блокада палестински територии, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според заедничкиот извештај, подготвен од страна на Делегацијата задолжена за затвореници при Палестинската ослободителна организација и палестинските невладини организации, во операциите на израелските сили извршени во окупираните Источен Ерусалим и Западен Брег приведени се вкупно 2.330 Палестинци, од кои се 304 се деца, а 70 жени.

Во извештајот се истакнува дека некои од приведените Палестинци се ослободени откако се испитани, а некои се притворени откако биле изведени пред суд.

Во извештајот, се наведува дека во израелските затвори има 4.700 палестински затвореници од кои 365 се административни притвореници, 160 деца и 41 жени.

Исто така се потенцира дека во 2020 година зголемен е процентот на затвореници кои биле изложени на тортура.

Израелските сили, кои честопати вршат рации во куќите на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим, под различни образложенија ги притвораат Палестинците.

Палестинците, меѓу кои и жени и деца, со денови се чуваат во центрите за притвор, а тоа стана вообичаена практика на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. 

Ако притвореникот се смета за „опасност по безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.