Ali Murat Alhas
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
ЛИМА (АА) - Перуанските власти прогласија вонредна состојба и воведоа целодневен полициски час во главните градови Лима и Калау за да ги смират масовните протести поради поскапувањето на горивото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите ја донесоа одлуката поради, како што ги нарекоа „насилните акти“, откако синдикатите на камионџии вчера продолжија со штрајкот против поскапувањето на горивото.
Во обраќањето до нацијата, перуанскиот претседател Педро Кастиљо рече дека мерката е преземена затоа што некои групи наводно се обидуваат да го блокираат пристапот до провинциите Лима и Калао.
Полицискиот час ќе биде на сила до крајот на денот, а на граѓаните им е забрането да ги напуштаат своите домови, јави новинската агенција Андина.
Властите повикаа на смиреност, велејќи дека го почитуваат правото на протести, но дека насилството треба да се избегнува.
По рускиот напад на Украина, цените на горивото и ѓубривата во Перу пораснаа и до 30 отсто. Земјоделците и возачите на камиони блокираа некои главни автопати кон Лима минатата недела, што доведе до нагло зголемување на цените на храната.