Hatice Kesgin
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ДИЈАБАКИР (АА) - Во соопштението од канцеларијата на регионалниот гувернер се вели дека рано утринава, во 10 села во југоисточната област Дијабакир е прогласен полициски час, јавува Anadolu Agency (AA).
„За време на полицискиот час, безбедносните сили ќе ги лоцираат и ќе ги уништат експлозивните направи поставени од страна на терористичката група ПКК во селата во подрачјето на Лиџе“, се вели во соопштението.
Во врска со времетраењето на полицискиот час, се вели дека ќе бидат дадени дополнителни известувања.
ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата оружена кампања во јули 2015, а оттогаш загинаа речиси 1.100 членови на безбедносните сили и цивили, вклучувајќи жени и деца.