İbrahim Halil Çekici,Uğur Samet Avcı
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во градот Силиври, во близина на Истанбул се приведени неколкумина осомничени дека му помогнале на напаѓачот што со автоматско оружје на новогодишната ноќ изврши напад во еден ноќен клуб во населбата Ортаќој во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, по пријавата дека во еден станбен комплекс во населбата Селимпаша се сместени лица што му помагале и го згрижиле напаѓачот, екипите за борба против тероризмот на истанбулската полиција започнале акција. Во акцијата се вклучиле жандармеријата и специјалните полициски единици.
Екипите го опколиле комплексот во кој живеело семејството што потекнува од источен Туркистан, а влезот во комплексот го блокирале со оклопни возила.
Потоа бил извршен претрес на автомобилите и куќата, и приведени се неколкумина осомничени за помош и згрижување на напаѓачот. Се дознава дека приведените по потекло се од источен Туркистан.
За време на новогодишната прослава во еден ноќен клуб во Истанбул, напаѓач изведе терористички напад во кој животот го загубија 39 лица, од кои еден полицаец и 25 странски државјани. Сликите на напаѓачот беа објавени во медиумите.