Hatice Kesgin
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат” во северниот дел на Сирија во изминатите 24 часа неутрализирани се најмалку 38 припадници на терористичката организација ДЕАШ, меѓу кои и нивниот таканаречен командант, соопшти Генералштабот на турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Умерената сириска опозиција со помош на турската војска уништи најмалку 74 упоришта на ДЕАШ користејќи хаубици, повеќеракетни фрлачи, минофрлачи и тенкови
Турските воздушни сили исто така погодија четири упоришта на ДЕАШ, вклучувајќи складиште за оружје, седиште на терористичката група и засолништа во градовите Ал Баб и Бзагах.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат” е започната на 24 август во северниот дел на Сирија со цел неутрализирање на терористичката закана со акцент на ДЕАШ, како и за јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право за самоодбрана поддржани се од турските сили.