Barış Gündoğan
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ДИЈАБАКИР (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денес во турскиот источен град Дијарбакир порача дека терористите на ПКК се платени убијци, и дека Турција е подготвена да ги спаси од нив своите браќа Курди, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, во своето обраќање пред илјадници насобрани граѓани во Дијарбакир, се осврна и на актуелните случувања во земјата.
Зборувајќи за важноста на самиот град Дијарбакир за Турција, Ердоган порача дека овој град всушност претставува срцето на таа земја.
„Турција, како што не може без Истанбул, Измир, Трабзон, Анталија, Ерзурум, така не може ни без Дијарбакир. Бидејќи Дијарбакир е нашето срце. Оние кои ова подрачје, овој народ, сакаат да го разделат од нас, значи дека сакаат да го откорнат нашето срце. Дијарбакир е печат на Турција. Никогаш нема да дозволиме некој да дигне рака на него. Нашиот Господар ја испиша нашата заедничка судбина на овие простори, а нашето минато и иднината се заеднички”, нагласи Ердоган.
Тој изнесе и критики на сметка на оние кои ја поддржуваат сепаратистичката терористичка организација ПКК во земјите на ЕУ. Потсети на митинзите на терористичката организација ПКК во Швајцарија и на нивното слободно дејствување во Германија, Австрија, Холандија и други земји на ЕУ.
„Симпатизерите на ПКК малку по малку па зборуваат за мир. Но, дали мирот е можен само со зборови? Дали мирот е можен со оние кои не го пуштаат оружјето од рака? Ние донесуваме и градиме мир. Ние не ги забораваме мајките кои плачат пред Управата на градот Дијарбакир, бидејќи децата им ги однеле во планините. Ние се залагаме за мир и слобода, така ќе биде и во иднина”, изјави Ердоган и продолжи:
„Сепаратистичката терористичка организација е најголем непријател на мирот на овој народ и оваа земја. Одлучни сме нашата земја и нашите браќа Курди да ги спасиме од таа мрежа на платени убијци кои ги користат сите оние што ќе им понудат пари”.
Тој додаде дека причина за неразвиениот туризам на овие простори (Дијарбакир) е токму присутноста на тероризмот.
„Зошто тука нема развој на туризмот. Ако има тероризам, тогаш тука доаѓаат агенти терористи, а не туристи. А нивната работа е да сеат неред”, порача Ердоган.
Ердоган на отворањето на повеќе реализирани проекти во Дијарбакир укажа на значењето на единството во Турција, напоменувајќи дека не зборува само за Турците, за Курдите, само за Черкезите или Бошњаците, туку за сите како еден народ.