Efsun Yılmaz
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ИЗМИР (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во западниот турски град Измир изјави дека ПКК е терористичка организација чија цел е Турција, и дека неговата земја ќе се бори против терористите каде и да се кријат, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската дипломатија престојуваше денес во Измир, и во таа пригода се осврна и на актуелните случувања во земјата.
„ПКК е терористичка организација и нејзина цел е Турција. Ние се бориме против ПКК. Ја продолжуваме нашата борба како одвнатре, така и надвор од нашите граници. И каде ѝ да се сокрива ние ќе ја продолжиме нашата борба”, изјави Чавушоглу.
Осврнувајќи се и на ситуацијата во северниот дел на Сирија, Чавушоглу истакна дека е воспоставена контрола над градот Ал Баб, но додаде дека расчистувањето на овој град продолжува.
„Неопходно е потполно воспоставување на безбедноста. Овие региони се исчистени од терористите, и луѓето постепено се враќаат. Не само протераните жители, туку доаѓаат и од останатите делови на Сирија. До денес тука се вратија околу 50.000 Сиријци од Турција”, порача Чавушоглу.