Elena Teslova
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денес изјави дека Русија потврдила оти Турција прави големи напори за воспоставување на демилитаризираната зона во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој за новинарите преку конференциска врска во Москва изјави дека не гледа закана за прекршување на Руско-турскиот меморандум во оваа сириска област.
„За жал, не оди сѐ според планот или според идеалниот план што беше изработен“, изјави Песков.
„Но, како што рече претседателот Владимир Путин, ние тоа го прифаќаме со разбирање, бидејќи навистина ситуацијата таму е тешка“, додаде тој.
На 17 септември, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Путин се согласија на воспоставување демилитаризирана зона во Идлиб.
Анкара и Москва, исто така, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се повикува на стабилизирање на ситуацијата во зоната без судири во Идлиб.
Во рамките на Договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите во кои се веќе присутни, додека Турција и Русија ќе спроведуваат заеднички патроли во областите, со цел спречување на повторни судири.