Hussein Abd El-Fettah,Hamdi Yıldız
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
КУВАЈТ (АА) - Постигнат е нафтен договор меѓу Кувајтската нафтена компанија (KPC) и кинеската рафинерија „Rongsheng“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на кувајтската новинска агенција „Куна“ се вели дека Велид ел Бедр, маркетинг-менаџер на Кувајтската нафтена компанија, соопштил дека оваа нафтена компанија за првпат во нејзината историја постигнала нафтен договор со кинеската рафинерија „Rongsheng“.
Бедр истакна дека по низа успешни средби, постигнат е договор за снабдување со сурова нафта на рафинеријата „Rongsheng“, и дека за првпат постигнале договор со една рафинерија од кинескиот приватен сектор.
Во Кувајт се наоѓаат 40 кинески компании кои вршат работа во 80 различни проекти во области како инфраструктура, комуникација и финансии.
Двете земји, исто така спроведуваат заеднички проект кој вклучува една петрохемиска фабрика и нафтена рафинерија, во вредност од 9 милијарди долари во кинеската покраина Гуангдонг.
Според официјалните податоци, обемот на трговската размена меѓу двете земји во 2017 година достигна 12 милијарди долари.