свет, наука и технологија

Русија развива дигитален екосистем како замена за западните платформи

- Руската агенција за надзор на јавните гласила, Роскомнадзор, во голема мера ја презема контролата врз интернет-сообраќајот во земјата, преку воведување регулативи...

Emre Gürkan Abay  | 10.02.2026 - Обновена : 10.02.2026
 Русија развива дигитален екосистем како замена за западните платформи Sefa Karacan/AA

МОСКВА (АА) - Руски Кремљ создава сопствен дигитален екосистем независен од западните мрежи како дел од економската трансформација предизвикана од војната во Украина и последователните западни санкции, јавува Анадолу.

Руската агенција за надзор на јавните гласила, Роскомнадзор, во голема мера ја презема контролата врз интернет-сообраќајот во земјата, преку воведување регулативи, додека Русија се соочува со зголемени економски притисоци предизвикани од западните санкции што се рефлектираат и во дигиталниот простор на земјата.

Интернет корисниците во Русија се соочија со големи промени откако властите ја назначија Мета, компанија која ги раководи социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, како терористичка и екстремистичка организација во 2022 година.

Платформите, вклучително и американската платформа за социјални медиуми Х, како и платформата за самостојно емитување, Јутјуб, се забранети во Русија, што предизвика милиони корисници да преминат на домашни алтернативи.

Вконтакте, накратко ВК, им служи на милиони корисници во земјата како неформална верзија на апликацијата Фејсбук, а Телеграм успешно ја пополнува празнината од заминувањето на западните апликации за пораки, со што достигнува рекорден раст на корисници.

Во август минатата година Кремљ ги ограничи платформите, како Телеграм и апликацијата Ватсап, кои се во сопственост на Мета, принудувајќи милиони корисници да ја користат руската домашна апликација Макс.

Апликацијата е развиена од ВК и лансирана неколку месеци пред да стапат на сила ограничувањата за западните апликации за пораки, врз основа на „неуспехот да се споделат информации со органите на законот во случаи на измами и тероризам“, според објавата на весникот Гардијан.

Домашната апликација Maкс од лансирањето ја користат повеќе од 70 милиони корисници.

Дигиталната трансформација на Русија не претставува само промена на платформите, туку јасен доказ за притаен надзор од Москва, при што државата собира и чува кориснички податоци на руски сервери како РуСтор или други домашни бази на податоци, велат експертите.

Во 2019 година Русија ги засили своите напори за контрола врз интернетот, со воведување длабинска инспекција, според Законот за независен интернет, користејќи систем наречен „технички мерки за заштита од закани“ или ТСПУ.

Роскомнадзор го користеше овој систем за откривање и ограничување или блокирање на интернет-ресурсите, преку анализа на пакети со податоци врз основа на нивната содржина. Платформата Јутјуб стана нефункционална со имплементација на ТСПУ.

И покрај брзо растечката побарувачка за услуги на виртуелна приватна мрежа (ВПН) по многубројните забрани, Русија го забрани рекламирањето на ВПН услугите назначувајќи го за кривично дело со регулативи воведени во 2024 и 2025 година, дополнително воведувајќи нови ограничувања на популарните протоколи ВПН.

Властите создаваат таканаречена бела листа за услуги на виртуелната приватна мрежа што се одобрени од државата, и согласни да споделуваат кориснички податоци со Москва.

Некои извештаи во домашните медиуми на земјата сугерираат дека овие мерки се преземаат со цел рускиот интернет да се претвори во затворен екосистем, сличен на моделот на Големиот кинески ѕид.

Русија, исто така, го развива својот суверен мрежен систем, РуНет, кој е дизајниран да функционира дури и ако не е поврзан со глобалниот интернет.

Мерките вклучуваат национални ДНС-сервери, со барање до јавните институции и критичната инфраструктура да користат исклучително руски софтвер.

Владата планира да го користи е-владиниот портал Госуслуги како систем за дигитален идентитет за пристап до интернетот. Новите регулативи, кои забрануваат продажба на СИМ-картички без верификација со пасош и кои наложуваат главните профили на социјалните мрежи да се регистрираат во државниот систем, ефективно ќе го елиминираат секој потенцијал за анонимност на интернетот.

Москва им дава стимулации на домашните платформи, како ВК Видео и РуТјуб, најпопуларните алтернативи на Јутјуб во земјата, додека креаторите на содржини на овие домашни платформи и рекламите им се прикажуваат на милиони корисници, со цел да се промовира префрлањето на руските социјални мрежи.

Сепак, рускиот РуНет се соочува со недостиг на хардвер поради санкциите од Западот.

Западните производители на чипови и сервери, како што се Интел, АМД и Циско, се повлекоа од рускиот пазар, попречувајќи ги напорите за проширување на капацитетот на центрите за податоци.

Оттогаш Русија се сврти кон кинеските набавувачи и паралелен увоз за да ја пополни празнината, но Москва веќе заостанува зад целите во областите што бараат висока процесорска моќ, вклучително и 5G-инфраструктурата и вештачката интелигенција.

Во текот на изминатите четири години Русија постепено ја трансформираше својата интернет- структура во поконтролиран модел, а корисниците што сакаат да ја одржат својата конекција со остатокот од светот продолжуваат да бараат алтернативни методи за пристап како ВПН, и покрај активните напори на Москва да го обесхрабри користењето на овие услуги преку законски средства.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.