Elena Teslova
10 Февруари 2026•Ажурирај: 13 Февруари 2026
МОСКВА (АА) - Странците и лицата без државјанство што служат во украинската војска ќе имаат право да добијат привремени дозволи за престој во рамките на закон потпишан од претседателот Владимир Зеленски, објави денес Државната служба за миграција, јавува Анадолу.
„Претседателот на Украина го потпиша Законот бр. 4730-IX од 17 декември 2025 година, со кој се регулира правниот статус на странците и лицата без државјанство што се во воена служба според договорот во Вооружените сили на Украина и другите воени формации“, се вели во соопштението.
Според новиот закон, овие лица ќе се сметаат за легитимни жители на Украина доколку добијат привремена дозвола за престој.
Дозволата ќе важи за времетраењето на нивниот договор за воена служба и шест месеци потоа.
Службата за миграција соопшти дека странците и лицата без државјанство што веќе служат во војската мора да аплицираат за привремена дозвола за престој во рок од шест месеци од стапувањето на сила на законот.
„До крајот на овој период фактот на легален престој во Украина ќе се потврди со документ за воена регистрација или со сертификат за служба на војник“, се додава.
Дозволата за привремен престој, исто така, ќе им овозможи на овие лица целосен пристап до банкарски, нотарски, медицински и други социјални услуги во Украина.