Балкан

Едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Куманово

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје“

Dzihat Aliju  | 11.02.2026 - Обновена : 11.02.2026
Едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Куманово

СКОПЈЕ (АА) - Едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје - Куманово, пренесува Анадолу.

Според дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, на 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје - Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа.

Несреќата се случула помеѓу патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од с. Бујковци, скопско, и товарно возило со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) с. Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, се вели во соопштението.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.