Балкан

Скопје: Протест против зголемувањето на цената на електричната енергија

„Ние сме тука“, „Доста е!“, „Наместо светлина ни донесовте темнина“, беа дел од транспарентите на учесниците на протестот кои го изразија своето незадоволство поради најавеното зголемување на цената на електричната енергија

Furkan Abdula  | 14.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Скопје: Протест против зголемувањето на цената на електричната енергија ( Foto: Furkan Abdula / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Во Скопје се одржа протестен марш против најавеното зголемување на цената на електричната енергија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Граѓаните се собраа во две групи, односно, една група се собра паркот во скопската општина Чаир, додека втората група се собра кај паркот „Жена Борец" во Центар.

Демонстрантите потоа маршираа низ скопските улици, а нивна крајна дестинација беше зградата на Владата на Северна Македонија.

„Ние сме тука“, „Доста е!“, „Наместо светлина ни донесовте темнина“, беа дел од транспарентите на учесниците на протестот кои го изразија своето незадоволство поради најавеното зголемување на цената на електричната енергија.

Тие извикуваа различни пароли, меѓу кои и „Правда, правда, социјална правда“, „Антикапитализам“, „Заедно сме посилни“.

Илир Речи, од организаторите на протестот во Скопје, во своето обраќање во собирот пред Владата истакна дека по првиот протест, од Владата на Северна Македонија очекувале да реагира и да ја осуди одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, и да бара од оваа комисија да побара итно укинување на, како што рече тој, скандалозната одлука.

„Но, Владата на Република Северна Македонија не сметаше дека е разумно да се направи тоа. Но, тоа не значи дека ние граѓаните ќе седнеме со вкрстени раце и пасивни“, рече Речи, додавајќи дека спротивно од тоа, тие повторно излегле на улица за да кажат стоп за ограбување на парите на граѓаните.

„Доста не направивте симорашни, досте не понижувавте. Дојде крај на нашето трпение“, нагласи Речи, барајќи да се намали цената на електричната енергија.

Според него, не е нормално Северна Македонија да се наоѓа меѓу првите на листата за највисока цена на електрична енергија во Европа, а исто така, тој рече и дека цената на електричната енергија во земјата од 2006 година досега е поскапена за 230 отсто.

Речи упати апел до Владата на Северна Македонија да ги прифати и да најде итно решение за нивните барања.

Демонстрантите бараат Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја поништи одлуката за зголемување на цената за електрична енергија од 7,4 проценти и потоа да ја намали цената на електрична енергија за 46 проценти.

Тие од Владата бараат да го намали ДДВ-то за енергија од 18 на 5 отсто, како и да го раскине монополот на приватното претпријатие ЕВН.

Исто така, демонстрантите од Собранието на Северна Македонија да ја укине Регулаторната комисија за енергетика, и да формира независно тело кое ќе има мисија да верификува услуги на енергетските компании кон граѓаните.

Демонстрантите бараат и простување на каматите на граѓаните, и потрошувачите да бидат заштитени од каматните шеми.

Во Тетово ноќеска две возила на ЕВН беа запалени и изгорени, додека полицијата приведе едно осомничено лице.

Потсетувам, минатата недела исто така се одржа мировен протестен марш во Скопје, каде демонстрантите исто така побараа намалување на цената на електричната енергија.

На 31 јули Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија соопшти дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар од септември ќе се зголеми за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.