Admir Fazlagic
14 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
СКОПЈЕ
Од утре за грѓаните на Северна Македонија за влез во Србија и Црна Гора ќе биде задолжителен негативен ПЦР тест, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од утре, 15 август, сите граѓани на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и на Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР-тест, кој нема да биде постар од 48 часа, одлучено е денес на седницата на Кризниот штаб на Србија.
Одлуката нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб
„Донесовме одлука од кои земји странците кога влегуваат во нашата земја треба да имаат ПЦР тест не постар од 48 часа и тоа се Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија. Исто така донесовме одлука рестрикциите кои беа за време на влегување на граѓаните на Црна Гора престануваат за влез во нашата земја и сите овие мерки ќе бидат во сила од утре, 15 август 2020 година", изјави епидемилогот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.
Таа додаде дека проценката е донесена врз актуелната епидемилошка ситуација како и врз основа на трендот на зачестеност на заболувањето кое се бележи во последните денови.
Исто така, Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.
„За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦРтест или серолошки тест ЕЛЕСА", изјави Мугоша во гостувањето на телевизиска прогрма во Црна Гора.
Според него, одлуката за отворање на границите е донесена по барање од туристичката заедница.