Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани нови 160 случаи на Ковид-19, починати три лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа починаа три пациенти со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 изнесува 535

Admir Fazlagic  | 14.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Северна Македонија: Регистрирани нови 160 случаи на Ковид-19, починати три лица

СКОПЈЕ 

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 160 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус се искачи на 12.515, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа починаа три пациенти со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 изнесува 535.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус се искачи на 9.030.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 2.950.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања на Ковид-19, досега во земјата се направени вкупно 123122 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın