Adam Abu-bashal
14 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
АБУЏА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 80 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 10.476 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.088.777.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 405 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 24.727.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (11.270 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.107 смртни случаи) и Алжир (1.341 смртен случај).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка излекувани се вкупно 783.617 лица од овој вирус.