Zehra Nur Düz
14 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
АНКАРА
Палестина го повлече својот амбасадор од Абу Дабу како реакција на Договорот за нормализација на односите меѓу ОАЕ и Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Палестина соопшти дека го отповикал својот амбасадор во ОАЕ како одговор на договорот постигнат меѓу Абу Дабу и Израел.
Потсетуваме, Израел и ОАЕ денеска постигнаа историски договор кој ќе доведе до потполна нормализација на дипломатските односи на двете земји на Блискиот Исток. Договорот е постигнат со посредство на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во заедничкото соопштение на САД, ОАЕ и Израел, се наведува дека со овој договор ќе промовираат мир во регионот на Блискиот Исток, додавајќи дека овој чекор е доказ за решителна дипломатија и визија на тројцата водачи, алудирајќи на престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед ал Нахјан, Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.