Seyyid Emin,Furkan Abdula
03 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје под покровителство на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) се одржа комеморативна програма по повод 72. годишнина од егзекуцијата на четворицата припадници на движењето „Јуџел" кои беа егзекутирани од страна на комунистичкиот режим во поранешната Југославија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа програма учествуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ), доц. д-р Шенер Билал, претседателот на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ) Ердоган Сарач, како и претставници на турските организации и институции во земјата, професори, студенти, како и голем број поканети гости.
Во рамки на програма се читаа делови од Куранот, а беше прикажан краткометражен филм во врска со движењето „Јуџел".
Претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Мурат, имаше свое обраќање на програмата, кој рече: „Сеќавањето на припадниците на Јуџел е наша должност. Сметам дека (движењето Јуџел) е еден од најголемите монументи на турското присуство во Северна Македонија и во Румелија“.
Мурат нагласи дека ќе продолжи да работи за информирање на јавноста во врска со ова движење, додавајќи дека движењето Јуџел е наследство на Турците во Северна Македонија.
Мурат додаде дека турскиот народ е народ кој гради духовни мостови и носи убавина и цивилизација.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, нагласи дека движењето Јуџел е доказот на турското присуство во Северна Македонија, нагласувајќи дека организираат програми за подобро разбирање на ова движење.
Проректорот на ИБУ, Билал, нагласи дека оваа комеморативна програма е вредна од национален и од духовен аспект, и додаде: „Ова движење беше едно движење во потполна интелектуална база“.
Исто така, претседателот на ТМБХ, Сарач, говореше за важноста на ова движење.
- Движењето „Јуџел“
Турците коишто живееја во земјава, во 1937 година почнаа да се обединуваат со цел да ги сочуваат националните и духовните вредности, своите обичаи и традицијата.
Во 1945 година на организацијата и беше дадено името „Јуџел“. За претседател на организацијата беше назначен Шуајб Азиз Ефенди, кој се школувал во скопската медреса „Атаулах Ефенди“, а студиите ги продолжи на Универзитетот „Ал Азхар“ во Египет, каде што студирал во областа на верското право, мистицизмот и филозофија на западниот свет.
Во рамките на напорите на поранешна Југославија за елиминирање на сите национални организации, во август 1947 беа приведени 17 лица, за кои започна судски процес.
На 25 јануари 1948 година судот на смртна казна осуди четворица членови на движењето „Јуџел“, Шуајб Азиз, Адем Али, Али Абдурахман и Назми Омер, кои беа стрелани на 27 февруари истата година. Останатите притворени членови на „Јуџел“ беа осудени на тешки затворски казни.