Stipe Majic
03 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во вонредно соопштение за медиумите, Националниот кризен штаб на Цивилната заштита на Хрватска известува дека детектирано е и деветтото лице заразено со коронавирусот (Ковид-19) на просторот на Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб е потврден коронавирусот кај уште едно лице, што значи дека досега во Република Хрватска потврдени се девет случаи на заболени лица.
Станува збор за возач кој одел по стока во зафатените подрачја со вирусот во Италија.
Сите досега потврдени случаи со коронавирус се наоѓаат на клиниките за инфективни болести во Загреб и Риека.