Северна Македонија и Турција ја продлабочуваат железничката соработка со нов договор
„Турските железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото, веќе се и сериозен регионален тренинг-центар...“
СКОПЈЕ (АА) - Македонски железници - инфраструктура и Турски железници потпишаа договор за блиска соработка, пренесува Анадолу.
Директорот на „Македонски железници - инфраструктура“, Синиша Ивановски, на социјалните мрежи објави дека потпишале договор за блиска соработка со генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Државни железници на Република Турција (TCDD), Вејси Курт.
„Турските железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото, веќе се и сериозен регионален тренинг-центар. Со потпишувањето на договорот дел од своите капацитети ги ставаат на располагање“, напиша тој.
Ивановски додаде дека размената на искуства и практики во наредниот период ќе бидат придобивка.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
