Nazlı Yüzbaşıoğlu,Tevfik Durul
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција досега им помогнала на 125 земји кои побарале помош во медицинска опрема за борба против вирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес на „Дипломатскиот форум Анталија“, чија главна тема е „Дигитална дипломатија“, во соработка со Меѓународниот центар за миграциски политики (ICMPD) по пат на видеоконференција се одржа состанок со наслов „Статусот на бегалците и другите раселени лица за време на епидемијата: Потребата за меѓународна соработка“.
Говорејќи на конференцијата, Чавушоглу рече дека епидемијата влијаела врз сите земји.
„Во овој процес, уште еднаш ја забележавме важноста на ефективната меѓународна соработка против глобалните кризи. Кога ќе ја погледнеме силата на епидемијата и нејзината глобална природа, Турција брзо реагираше за да помогне на другите земји. Турција досега им помогна на 125 земји кои бараа помош во медицинска опрема во борбата против Ковид-19. Ќе продолжиме да помагаме“, нагласи Чавушоглу.
Тој на видеоконференцијата посочи дека епидемијата создава посебни тешкотии за раселените лица.
„Како прво, затворањето на границите, влошувањето на глобалното производство, нарушувањето на глобалната логистика и синџирите на снабдување ги спречија напорите за помагање на бегалците. Како второ, затворањето на границите исто така ги спречија барањата за азил. Сѐ уште не најдовме решение за овој проблем. Трето, раселените лица тешко стигнаа до националните здравствени системи, кои моментално имаат проблеми. Четврто, тие беа повеќе изложени на вирусот. Конечно, бегалците се длабоко погодени од економските последици од Ковид-19“, истакна министерот Чавушоглу.
Изјавувајќи дека е сигурен оти неговите колеги од Јордан, Либан, Ирак и Пакистан, како земји домаќини на најголем број бегалци, ќе се согласат дека како земји имаат потреба од солидарност.
Чавушоглу нагласи дека со помош на високиот комесар за бегалци на ОН, ќе можат да произведат најдобри практики за заштита на бегалците за време и по епидемијата, тој додаде: „Меѓународната заедница треба да го поддржи безбедното и доброволно враќање на раселените лица.“
За таа цел, турскиот министер изрази задоволство од соработката со Либан, Јордан и Ирак при враќањето на Сиријците и изјави дека досега имаат одржано два состанока во овој контекст и се надеваат дека ќе ја продолжат соработката.