Fahri Aksüt
18 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Властите на Република Турција и Малезија денеска потпишаа вкупно 15 договори за соработка во областа на науката, технологијата и одбраната, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во рамките на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска во Куала Лумпур се состана со малезискиот премиер Махатир Мохамад.
Ердоган и Махатир присуствуваа и на церемонијата на потпишување на вкупно 15 билатерални договори за соработка.
Договори од областа на науката и технологијата потпишаа турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк и ресорната малезиска министерка Јео Бе Јин.
Паралелно со тоа, договори за соработка во областа на одбраната потпишаа турскиот и малезискиот министер Хулуси Акар и Мохамад Сабу.
Турскиот претседател Ердоган денеска се состана и со малезискиот крал Султан Абдула Риајатудин Мустафа Била Шах. Состанокот зад затворени врати е одржан во Кралската палата во Куала Лумпур.
Ердоган во Малезија допатува утринава за да учествува на тридневниот Самит во Куала Лумпур, на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од исламскиот свет.
Во рамките на Самитот, Ердоган ќе се состане и со иранскиот колега Хасан Рохани.