Şerife Çetin
18 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека за 2020 година ќе обезбеди финансиска поддршка на земјите членки кои ќе прифатат бегалци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Комисијата на ЕУ се истакнува дека одлуката е донесена на Глобалниот форум за бегалци одржан во Швајцарија.
Во соопштението се нагласува дека во земјите членки во 2020 година се планира да се сместат 30.000 бегалци.
„За 2020 година ќе обезбеди финансиска поддршка на земјите членки кои ќе прифатат бегалци“, се истакнува во соопштението и се додава дека приоритет ќе се даде на Турција, Либан и Јордан.
За секој бегалец сместен во земјите членки, од буџетот на ЕУ ќе се пренесе 10.000 евра на засегнатата земја.
Во 2015 година, Комисијата на ЕУ донесе одлука за сместување на 160.000 бегалци со задолжителен систем на квоти за намалување на товарот за Италија и Грција, кои се во првите редови на миграциската криза.
Но во рамките на таа одлука земјите како што се Чешка, Унгарија и Полска, одбија да примат бегалци; затоа бројот на бегалци сместени во земјите членки остана на 65.000.