Doga Kirmizioglu
06 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
СКОПЈЕ
Со натпреварите во пет групи, утре започнува третото коло од квалификациите за Европскиот фудбалски шампионат 2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре ќе се одиграат 12 натпревари во групите А, Б, Д, Ф и Г од европското најпрестижно фудбалско натпреварување на национално ниво во рамките на квалификациите за ЕУРО 2020.
- Северна Македонија ја пречекува Полска
Во рамките на натпреварите од групата Г, репрезентацијата на Северна Македонија во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Полска. Натпреварот од третото коло на квалификациите за ЕУРО 2020 ќе се одигра на стадионот „Тодор Проески“, со почеток во 20:45 часот. На истиот стадион, в понеделник, на 10 јуни, во натпревар од 4. коло Северна Македонија ја пречекува Австрија. Натпреварот започнува во 20:45 часот.
В сабота, со почеток во 20:45, во рамките на натпреварите од групата Х, Турција на домашен трен ја пречекува Франција. И двете репрезентации по првите две кола имаат по две победи и по ова коло ќе се знае кој сам ќе заседне на врвот од групата.
Во рамките на третото коло се среќаваат:
7 јуни (петок):
Група А
20:45 Чешка - Бугарија
20:45 Црна Гора - Косово
Група Б
20:45 Украина - Србија
20:45 Литванија - Луксембург
Група Д
18:00 Грузија - Гибралтар
20:45 Данска - Република Ирска
- Група Ф
20:45 Фарски Острови - Шпанија
20:45 Шведска - Малта
20:45 Норвешка - Романија
- Група Г
20:45 Северна Македонија - Полска
20:45 Австрија - Словенија
20:45 Летонија - Израел
8 јуни, сабота
Група Ц
18:00 Естонија - Северна Ирска
20:45 Белорусија - Германија
Група Е
15:00 Хрватска - Велс
18:00 Азербејџан - Унгарија
Група Х
15:00 Исланд - Албанија
18:00 Молдавија - Андора
20:45 Турција - Франција
Група И
18:00 Русија - Сан Марино
20:45 Белгија - Казахстан
20:45 Шкотска - Кипар (грчки дел)
Група Ј
18:00 Финска - Босна и Херцеговина
18:00 Ерменија - Лихтенштајн
20:45 Грција - Италија