Ekipa
31 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
АНКАРА - Островските држави Самоа и Кирибати во Тихиот Океан први влегоа во Новата 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новата година во светот прво се пречека на островот Киритимати (познат како Божиќен Остров), кој е дел од Самоа и Кирибати. Островјаните „Добредојде“ на Новата 2020 година ѝ посакаа во 11:00 часот по средноевропско време (СЕТ).
По Кирибати и Самоа, доаѓањето на Новата година со прослави беше одбележано на Нов Зеланд и Фиџи, во 12:00 часот по средноевропско време.
Новата 2020 година на Нов Зеланд беше пречекана со прекрасни огномети во градовите Оукленд и Велингтон.
Австралискиот град Сиднеј е прв голем град кој во Новата 2020 година влезе во 14:00 часот.
Од друга страна, земја која во Новата 2020 година ќе влезе последна е Американска Самоа (Источна Самоа), која се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан.
Освен во Сиднеј, во сите други преостанати делови на австралиската држава Нов Јужен Велс е забранета употребата на огномет поради ризикот од избувнување пожар.
Сиднеј стана симбол на новогодишните прослави поради спектакуларните огномети, а за минатогодишниот огномет беа употребени 8,5 тони распрскувачки ракети. Новогодишниот огномет во Сиднеј го следеа повеќе од 1,6 милион луѓе.