Doga Kirmizioglu
06 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Спроведено истражување покажа дека египетскиот фудбалер Мухамед Салах, кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, ја намалил исламофобијата во градот Ливерпул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето реализирано од страна на Универзитетот „Стендфорд“, Салах, кој во 2017 година беше трансфериран во Велика Британија, директно дал придонес во намалувањето на антиисламските тенденции во градот Ливерпул.
Стапката на антиисламски пораки објавени по трансферирањето на Салах на социјалните мрежи од страна на навивачите на Ливерпул, се намалил за 50 отсто во споредба со објавите на навивачите на другите клубови во Премиер лигата, додека стапката на исламофобија во овој град се намали за 18,9 отсто.
Според ова соопштение, од 2017 година досега, не е забележан пад во антиисламистичките мислења во другите градови, а успесите кои Салах ги постигнал во спортот и неговиот хуманистички карактер биле најзначајните фактори за падот на оваа стапка.