Eda Özdener
18 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
АНКАРА (АА) - ЕДА ОЗДЕНЕР -
Генералниот директор на Вакуфската дирекција на Турција, Аднан Ертем, рече дека реставрацијата на џамијата „Улу“ во Ал Баб, во Сирија, уништена од страна на ДЕАШ, достигна до последната фаза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ертем, во изјава за АА, истакна дека џамијата „Улу“, која се наоѓа во Ал Баб, била изложена на бомбашки напади од страна на ДЕАШ за време на Граѓанската војна.
„По инструкциите на Генералниот директорат на вакуфите, техничкиот персонал на регионалната Дирекција на Газиантеп во 2017 година направи проверка на состојбата на џамијата“, рече Ертем и додаде:
„Решивме итно да ја обновиме џамијата за да се спречи понатамошното оштетување и да ја пренесеме на идните генерации.“
„По техничките работи и проектните процедури, тендерот за реставрација беше отворен во март 2018 година“, истакна Ертем, додавајќи дека работите за реставрација започнале во април 2018 година.
Според него, тендерската цена на реставрацијата изнесувала 10.393.815 турски лири или околу 1,6 милиони евра.
„За време на Граѓанската војна во Сирија, терористичката организација ДЕАШ урна некои делови од џамијата. Работите за реставрација на џамијата „Улу“, иницирани од Генералниот директорат на вакуфите, 99 проценти се завршени. Ова е првата реставраторска работа што ја направивме во Сирија“, рече Ертем.
Џамијата „Улу“ во Ал Баб е изградена во 12 век со селџучка архитектура, а е реновирана за време на периодот на Мамлук (744/1343).