Балкан, Коронавирус

Медицинската помош од Турција пристигна во Северна Македонија

Товарниот воен авион со медицински материјали испратен со инструкции на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, до петте балкански земји, по нивно барање, пристигна на меѓународниот аеродром - Скопје

Furkan Abdula  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Медицинската помош од Турција пристигна во Северна Македонија Фото: Furkan Abdula/АА

СКОПЈЕ (АА) – Товарниот воен авион од Турција со помош од медицински материјали за балканските земји во борбата против епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пристигна во Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Товарниот воен авион со медицински материјали испратен со инструкции на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, до петте балкански земји, по нивно барање, пристигна на меѓународниот аеродром - Скопје. Авионот го пречекаа министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, и други официјални лица.

Медицинската помош којашто се состои од маски, заштитни одела и комплети за брзо дијагностицирање на коронавирусот подготвена од турското Министерство за здравство, беа доставени до надлежните органи на Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи, Димитров, истакна дека тука се за да ја примат помошта од пријателска Турција и турскиот народ, испратена до сите граѓани на Северна Македонија, меѓу кои има и Турци.

„Има една многу убава порака од пакетот помош што се состои од 50.000 маски, 1.000 заштитни одела и 1.000 тестови за Ковид-19, од претседателот на Турција, Ердоган, којшто вели „Има многу надеж зад безнадежноста, и има многу сонце зад темнината“, нагласи Димитров.

Заблагодарувајќи се на помошта Димитров додаде:

„Во неговото писмо до нашиот претседател Пендаровски, и нема да ми замери и во негово име да се заблагодарам за оваа помош. Претседателот Ердоган ни честита на неодамнешните успеси, зачленувањето во НАТО, одлуката за почеток на преговори со Европската Унија (ЕУ), и вели: „Се надевам дека и вие многу брзо повторно ќе живеете во спокој и во полно здравје, пријатели и сега сојузници.“

Амбасадорот на Турција, Секизќок, истакнувајќи дека епидемијата на коронавирусот се претвори во глобална закана и дека сите живеат тажни денови, нагласи дека за справување со глобалната закана е потребна глобална соработка во светски рамки.

Потенцирајќи дека во овие денови потребно е лидерство и меѓународна солидарност Секизќок нагласи: „Со таквото сфаќање, Република Турција испраќа медицински материјали за поддршка во борбата против епидемијата во земјите од целиот свет, на различни континенти. Секако дека балканските простори каде нашите народи заедно живеат со векови, и Северна Македонија, која се наоѓа во срцето на овие простори, и во добри и во лоши денови, отсекогаш биле во срцето на Турција и турскиот народ.“

Посочувајќи дека тие придаваат важност на духот на концептот на братството и пријателството, Секизќок, рече: „Се надевам дека медицинските материјали кои стигнаа во Скопје, заедно со поздравот од нашиот почитуван претседател и поздравите на турскиот народ ќе помогне во зараснување на раните на граѓаните на Северна Македонија. Тука беше и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Потенцираше колкаво е значењето на помошта од медицински материјали, и ја истакна благодарноста до Турција.“

Ова утро, од аеродромот „Етимесгут“ во Анкара, Турција, полета воен карго-авион од типот A400M со медицинска помош подготвена од страна на Министерството за здравство на Турција, која се состои од маски, комбинезони и тестови за брза детекција на вирусот.

На пакетите со медицинска помош испишани се зборовите на поетот, правник и теолог Мевљана: „По безнадежноста има многу надежи. По темнината има многу сонца“.

Минатата недела Турција испрати медицинска помош за Италија и Шпанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.