свет, Коронавирус

Во САД бројот на починати од Ковид-19 се доближи до 13 илјади

Во САД, кои се наоѓаат на првото место меѓу земјите каде што епидемијата зеде најголем замав, бројката на смртни случаи и заразени од ден на ден се зголемува

Islam Doğru  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Во САД бројот на починати од Ковид-19 се доближи до 13 илјади

ЊУЈОРК (АА) - Бројот на починати од епидемијата на новиот вид коронавирус Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД), во последните 24 часа е зголемен за скоро 2.000, со што вкупниот број смртни случаи се доближи до 13.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во САД, кои се наоѓаат на првото место од земјите каде што епидемијата зеде најголем замав, бројката на смртни случаи и заразени од ден на ден се зголемува.

Според најновите податоци споделени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ бројот на заразени со вирусот се зголемил за 31.480 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на дијагностицирани порасна на 399.929.

Бројот на смртни случаи во последните 24 часа се зголеми за 1.918, со што вкупниот биланс на починати од коронавирусот се зголеми на 12.911.  

Во светски рамки, според бројот на заразени со Ковид-19 САД се пред Шпанија (146.690) и Италија (135.586). Се забележува дека бројот на позитивни случаи во САД е поголем од вкупниот број случаи евидентирани во Шпанија, Италија и Франција.

- Њујорк е центарот на епидемијата во САД -

Во САД епидемијата од Ковид-19 најмногу се почувствува во сојузната држава Њујорк, каде што бројот на регистрирани случаи во последните 24 часа се зголеми за 8.556, со што вкупната бројка порасна на 140.386.

По Њујорк, следува сојузната држава Њу Џерси со 44.416 случаи, и Мичиген со 18.970 заразени со коронавирусот.

Во однос на починати, Њујорк останува на првото место со 5.489 смртни случаи, по што следат Њу Џерси со 1.232 и Мичиген со 845 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın