свет

Зеленски: Украина и САД подготвуваат договор за испорака на 25 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Киев

„Подготвуваме договор за 25 системи 'Патриот'. Верувам дека ова е многу добра приказна - не лесна, но долгорочна“, рече Зеленски

Burç Eruygur  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
Зеленски: Украина и САД подготвуваат договор за испорака на 25 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Киев

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека неговата земја и Соединетите Американски Држави (САД) подготвуваат договор за испорака на 25 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Киев, пренесува Анадолу.

Во изјавата за новинарите објавена денес од украинските медиуми, вклучително и државната новинска агенција „Укринформ“, Зеленски рече дека Киев воспоставил контакти со одбранбените компании во врска со воздушната одбрана во координација со надлежните американски власти.

„Подготвуваме договор за 25 системи 'Патриот'. Верувам дека ова е многу добра приказна - не лесна, но долгорочна“, рече Зеленски, истакнувајќи дека барањето го поднеле украинските воздухопловни сили.

Зеленски истакна дека постои ред во производството на „Патриот“ во кој учествуваат земји што склучиле соодветни договори со производителот, поради што Киев ќе ги добива овие системи секоја година во различен број.

„Белата куќа може да го смени редот ако има политичка волја. Разбираме кои европски земји можат да ни дадат приоритет во редот. Има повеќе позитивност по ова прашање - сега работиме на добивање на потребните решенија“, продолжи Зеленски.

Во врска со прашањето за потенцијалните испораки на крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел на Украина од страна на САД, Зеленски рече дека верува оти неговиот руски колега Владимир Путин го повикал американскиот претседател Доналд Трамп минатиот четврток поради неговата реторика по ова прашање.

Тој тврдеше дека ставот на Русија за повлекување на Украина од регионот Донбас не е сменет, додавајќи дека му објаснил на Трамп за време на средбата со него во Вашингтон во петокот дека ставот на Киев во овој поглед, исто така, не е сменет.

Зеленски во август негираше дека Киев ќе го отстапи источниот регион на Москва во замена за прекин на огнот, тврдејќи дека тоа би „отворило мостобран“ за Русија за идна офанзива против неговата земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.