свет

Палестинскиот интелектуалец Шафик: „Западот и САД ја загубија доминацијата во светот“

- „Работите не одат во добра насока“, рече палестинскиот мислител Шафик за AA и додаде дека светот е соочен со хаос и различни мисли во кои не постои ниту една која би можела да преовладее.

Suhib Mohammad Nemed Abed, Hamdi Yıldız  | 21.11.2018 - Обновена : 22.11.2018
Палестинскиот интелектуалец Шафик: „Западот и САД ја загубија доминацијата во светот“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - МЕХМЕТ ОЗТУРК

Палестинскиот интелектуалец и аналитичар Мунир Шафик изјави дека Западот и Соединетите Американски Држави (САД) ја загубија контролата во светот.

Тој во интервју за Anadolu Agency (AA) истакна дека Западот моментално поминува низ хаос кој е последица на загубата на контролата во светот.

Истакнувајќи дека демократската мисла на Западот бележи назадување поради јакнењето на радикалните националистички струи кои излегоа од нејзината внатрешност, Шафик рече дека тоа е силен удар врз демократијата.

Паралелно со тоа, Шафик рече дека никаков прогрес и напредок не се остварени ниту во исламскиот свет. Додаде дека арапскиот свет е соочен со бројни судири и тензии.

„Работите не одат во добра насока“, рече палестинскиот мислител и додаде дека светот е соочен со хаос и различни мисли во кои не постои ниту една која би можела да преовладее.

Тој рече дека мислите на некоја држава се поврзани со нејзината економска, политичка и воена моќ.

„По Османлиската држава во светот дојде до назадување на исламските мисли, а со јакнењето на доминацијата на Западот, во светот се ширеше и западната мисла. Истите трендови можеме да ги забележиме и кај комунинистичките мисли и некои други“, рече Шафик.

Нагласувајќи дека мислата е бесмртна категорија, Шафик рече дека рамнотежата на силите во светот помага во развојот на мислите.

„Исламската мисла е соочена со многу потреси поради појава на радикални групи“, рече Шафик и го наведе примерот на негативно влијание што за исламот и исламската мисла го произвеле терористичките организации ДЕАШ и Фронтот „Нусра“.

„Радикалистичките групи се погоден инструмент кој Западот го искористи за слабеење на влијанието и угледот на исламот во светот“, рече Шафик.

Тој понатаму рече дека исламот и понатаму ќе биде присутен на светската сцена, но дека силите на неговите мисли ќе бидат сразмерни на единството и силата на исламските земји.

„И во екот на моменталната слабост исламот немал пречки во ширењето на сопствената мисла на западот на Африка. Тоа не значи и ширење на таа мисла на глобално ниво, туку успех во остварување на одредени подрачја. Сувереноста на некоја мисла во модерна смисла е директно поврзана со суверенитетот и силата на државите“, рече Шафик.

Коментирајќи ја и ситуацијата во која се наоѓаат младите во светот, палестинскиот мислител Шафик рече дека младите живеат во неизвесен свет во кој левичарската мисла доживеала слом, демократијата е соочена со потреси, а исламската мисла поминува низ големи проблеми.

„Младите почнуваат да заклучуваат дека иделогиите доживеале свој крај. Не мислам дека мислата може да произведе моќ, туку дека моќта ја креира мислата“, рече Шафик.

Според него, еден од доказите дека светот ја загубил контролата е и неодамнешното убиство на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул.

„Затоа и тоа убиство се најде во фокусот на светската јавност, а сето тоа покажува дека светот се наоѓа во хаос“, рече Шафик.

Коментирајќи ја и актуелната криза на Блискиот Исток, Шафик рече дека во Палестина постојат две различни стратегии кои ја застапуваат власта и силите на отпорот.

„Причина за поделеноста во Палестина се две спротивставени мисли кои е невозможно да се спојат. Невозможно е да се постигне единство на Палестинците сè додека администрацијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас не ја промени политиката. Палестинското движење на отпорот нема да прифати да преговара и политичките трговии да бидат предадени во рацете на политичкиот лидер, бидејќи тоа е пат поплочен со неуспех“, рече Шафик.

Го опиша палестинскиот претседател Абас како личност која се карактеризира со пркос и тврдоглавост и лидер кој одбива да ги признае сопствените неуспеси во преговорите и да направи чекор назад.

Бројни арапски земји во 2011 година беа поприште на масовните народни антивладини востанија за кои палестинскиот интелектуалец Шафик тврди дека не биле плод на случајноста.

Тој смета дека тие револуции настанале како последица на слабеење на американското влијание во арапскиот свет и нарушување на рамнотежата на силите на глобално ниво.

„Моментално последиците во потполност се негативни. Во случај на нова Арапска пролет мора да се искористат искуствата и лекциите кои се научени“, заклучи Шафик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın