свет

Данска регистрирала 292 премини на бродови од „флотата во сенка“ поврзани со Русија минатата година

Податоците од Данската поморска управа покажуваат дека танкерите за кои постои сомнение дека транспортирале руска нафта што е под санкции, поминале низ данските теснеци стотици пати минатата година

Necva Taştan Sevinç  | 11.02.2026 - Обновена : 11.02.2026
 Данска регистрирала 292 премини на бродови од „флотата во сенка“ поврзани со Русија минатата година

ИСТАНБУЛ (АА) - Данска регистрирала 292 премини во 2025 година на бродови што, наводно, се поврзани со таканаречената „флота во сенка“ на Русија низ нејзините води, објави денес јавниот сервис ДР, повикувајќи се на официјални податоци, пренесува Анадолу.

Податоците од Данската поморска управа покажуваат дека танкерите за кои постои сомнение дека транспортирале руска нафта што е под санкции, поминале низ данските теснеци стотици пати минатата година и покрај проширените санкции на Европската Унија за извозот на енергенси од Москва.

Бродовите, кои често пловат под странски знамиња и нетранспарентни сопственички структури, транзитираат од источното Балтичко Море покрај Борнхолм и низ данските води.

Властите велат дека се верува оти пренесувале руска нафта, иако е изразена и загриженост за други материјали од потенцијално чувствително потекло.

Првпат данските власти систематски ги следеа и регистрираа бродовите што формално се означени во рамките на санкциите на ЕУ во текот на една година. Информациите се споделени со Министерството за надворешни работи и проследени до ЕУ, која одлучува дали бродовите ќе бидат додадени на листите за санкции.

Во писмениот одговор до ДР, Министерството за надворешни работи на Данска соопшти дека напорите за борба против „флотата во сенка“ даваат резултати. За време на неодамнешното претседателство на Данска со ЕУ, на листата на санкции на блокот беа додадени дополнителни 250 брода, со што вкупниот број достигна 599.

„Данска ја презеде водечката улога во борбата против 'флотата во сенка' и собра група земји за координирање на натамошните меѓународни иницијативи“, соопшти Министерството, додавајќи дека санкциите ги направија операциите „потешки и поскапи“ за „флотата“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın