Emre Gürkan Abay
18 Мај 2023•Ажурирај: 19 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, и покрај санкциите, минатата година Русија остварила извоз на земјоделски производи во вредност од 41,6 милијарди долари и дека очекува извозот на жито оваа година да биде 55-60 милиони тони, јавува Анадолу.
Путин на состанокот на кој се сретна со претставници на рускиот земјоделски сектор, рече дека минатата година во неговата земја е постигната рекордна жетва.
Истакнувајќи дека во 2022 година биле собрани вкупно 158 милиони тони жито, Путин рече: „Ова е рекордно ниво на жетва во нашата модерна историја.“
Тој додаде дека и покрај санкциите, Русија продолжува да извезува жито.
„И покрај пречките во надворешната трговија, Русија минатата година успеа да го зголеми извозот на земјоделски производи на 41,6 милијарди долари. Очекуваме дека нашиот извоз на жито оваа година ќе биде околу 55-60 милиони тони“, рече рускиот претседател.
Со 19 отсто удел на светскиот пазар на жито, Русија е најголемиот светски извозник на жито.