Gamze Türkoğlu Oğuz
28 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
ХОНОЛУЛУ (АА) - На Хаваите пронајдени се остатоците од вчера исчезнатиот хеликоптер и телата на шест загинати лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хеликоптерот за туристички излети исчезна вчера во текот на летот над плажата На Пали на островот Кауаи.
Полициските претставници на единствената американска сојузна држава во Тихиот Океан соопштија дека остатоците на хеликоптерот со телата на настраданите се пронајдени на врвот на планината чии страни се спуштаат кон плажата.
Во остатоците од хеликоптерот пронајдени се телата на шестмина загинати, а уште едно лице се води како исчезнато.
Крајбрежната стража соопшти дека меѓу настраданите има и две деца.