Ekipa
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Дејвид Иге, гувернерот на Хаваи, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобрил неговото барање за прогласување состојба на катастрофа на Големиот Остров, бидејќи државата се соочува со ерупција на вулканот Килауеа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на гувернерот Иге соопштија дека Декларацијата ќе значи добивање помош, со цел државата да може да ги покрие трошоците кои се однесуваат на оштетените патишта, јавните површини, училиштата и водоводната мрежа. Исто така, ќе ги покрие трошоците на геолозите и на безбедносниот персонал, присутен на блокадите на патиштата, како и ангажманот на војската.
Одобрувањето на Трамп стигна еден ден откако гувернерот Иге упати барање за прогласување на претседателска декларација за состојба на катастрофа.
Вулканот Килауеа на 3 мај почна да исфрла лава во населба на Големиот Остров. Досега се уништени 36 објекти, вклучувајќи 26 куќи.