Alma Çekovic
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Во ерупција на вулканот Килауеа на Хаваите уништени се најмалку 26 куќи, а стотици се загрозени, соопштија локалните власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вулканот ноќта неделата кон понеделникот повторно еруптираше создавајќи нови пукнатини.
Досега се евакуирани околу 2.000 лица. На некои од локалните граѓани им е дозволено да се вратат во нивните домови за да ги спасат милениците, но властите предупредија дека останувањето во куќите не е безбедно.
До нови ерупции и пукнатини дошло во најзагрозената населба Леилани, каде што лавата избиваше до 70 метри во височина.
Килауеа е еден од најактивните вулкани кој во последните 35 години константно еруптира.