наука и технологија

Студија: Микропластика пронајдена кај 9 од 10 мажи со дијагностициран рак на простата

- Пластиката што се наоѓа во пакувањата за храна, козметиката и многу секојдневни предмети може да се разложи на ситни честички. Овие микроскопски фрагменти можат да влезат во телото преку голтање, вдишување или контакт со кожата

Berk Kutay Gökmen  | 25.02.2026 - Обновена : 26.02.2026
Студија: Микропластика пронајдена кај 9 од 10 мажи со дијагностициран рак на простата

ИСТАНБУЛ (АА) - Нова студија откри микропластични честички кај девет од десет мажи дијагностицирани со рак на простата, објави „Сајенс дејли“, пренесува Анадолу.

Студијата беше спроведена во еден од водечките американски академски медицински центри при њујоршкиот Универзитет „Лангун хелт“, вклучувајќи ги неговиот Центар за канцерогени заболувања „Перлмутер“ и Центарот за истражување на еколошки опасности.

Истражувачите сакаа да знаат дали изложеноста на микропластика може да придонесе за развој на рак на простата, кој Американското здружение за канцерогени заболувања го опишува како најчесто дијагностициран рак меѓу мажите во САД.

Пластиката што се наоѓа во пакувањата за храна, козметиката и многу секојдневни предмети може да се разложи на ситни честички.

Овие микроскопски фрагменти можат да влезат во телото преку голтање, вдишување или контакт со кожата.

Тимот анализираше примероци од ткиво на простата од десет мажи кои биле подложени на операција за отстранување на простатата.

Микропластични честички беа откриени во 90 % од примероците на канцерогено ткиво и 70 % од неканцерогените примероци.

Разликата во концентрацијата беше значајна: туморските ткива содржеа приближно 2,5 пати повеќе пластика од здравите ткива, околу 40 микрограми по грам во споредба со 16 микрограми по грам.

„Нашата пилот-студија обезбедува важни докази дека изложеноста на микропластика може да биде фактор на ризик за рак на простата“, рече водечкиот автор Стејси Лоеб, професор на одделите за урологија и јавно здравје на Медицинскиот факултет при њујоршкиот Универзитет „Гросман“.

Лоеб нагласи дека ова е прва студија спроведена кај западната популација за квантификација на нивоата на микропластика во туморите на простатата и за нивна директна споредба со нивоата пронајдени во неканцерогеното ткиво на простатата.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, приближно еден од осум мажи во САД ќе добие дијагноза рак на простата во текот на својот живот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.