свет

Силите на Асад во текот на ноќта извршија околу 100 артилериски напади на Идлиб

Режимските сили гранатираа населби и линии на фронтот на опозицијата на подрачјата на демилитаризираните зони во рамките на Договорот од Сочи, а кои се наоѓаат во границите на зоните без судири

Ekipa  | 16.02.2019 - Обновена : 17.02.2019
Силите на Асад во текот на ноќта извршија околу 100 артилериски напади на Идлиб АА/Архива

İdlib

ИДЛИБ (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и терористичките групи кои ги поддржува Иран, во текот на ноќта извршија околу 100 артилериски напади на населените подрачја во регионот на градот Идлиб кој е прогласен за една од зоните без судири, јавува Anadolu Agency (AA).

Режимските сили гранатираа населби и линии на фронтот на опозицијата на демилитаризираните подрачја во рамките на Договорот од Сочи, а кои се наоѓаат во границите на зоните без судири.

„Режимот на Асад во текот на ноќта изврши околу 100 артилериски напади“, потврди за новинарот на АА, Мустафа Хаџ Јусуф, шефот на Цивилната одбрана во Идлиб.

Силите на Асад, синоќа, исто така извршија околу 25 артилериски и ракетни напади на местото Кан Шејхун, во близина на Идлиб, а во кои загинаа најмалку 8, а повредени се 9 цивили.

Од почетокот на годината силите на Асад извршија низа напади во зоната без судири. Во овој период загинаа најмалку 53 цивили, а ранети беа околу 220.

Идлиб е најголема енклава под контрола на опозицијата во Сирија. Со посредство на Турција и Русија во Сочи во септември минатата година беше постигнат договор за примирје во Идлиб и воспоставување безбедносна зона за цивилите. Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од тој регион, а силите лојални на режимот на Асад извршија низа артилериски и воздушни напади во тој регион.

Мрежата за човекови права во Сирија (SNHR) во последниот извештај наведе дека во режимските напади во последните три месеци минатата година во Идлиб биле убиени најмалку 45 цивили, меѓу кои и 22 деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın