свет

САД бараат присуство на Европа во Североисточна Сирија

„Се надевам дека претседателот Трамп ќе дојде до некои од вас и ќе побара ваша помош, и вие ќе кажете „да“, а за возврат, способноста што ја имаме која е единствена за САД...“

Ali Murat Alhas  | 16.02.2019 - Обновена : 18.02.2019
САД бараат присуство на Европа во Североисточна Сирија

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот сенатор Линдзи Грахам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп од европските земји ќе побара да испратат трупи за воспоставување на тампон-зона во Североисточна Сирија долж турската јужна граница, пренесува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на минхенската Конференција за безбедност, тој го нагласи планот за посткалифатска стратегија и изјави дека американските власти дискутирале во детали во врска со прашањето со Трамп, кој ги остави вратите отворени за оставање одреден број американски војници во земјата опустошена од војна.

„Се надевам дека претседателот Трамп ќе дојде до некои од вас и ќе побара ваша помош, и вие ќе кажете „да“, а за возврат, способноста што ја имаме која е единствена за САД, сѐ уште ќе биде во борбата во Сирија“, рече тој во забелешките на Конференцијата.

Грахам нагласи дека Џозеф Данфорд, началникот на Генералштабот на американската војска, ќе дискутира со неговите колеги во врска со испраќањето на трупи во Сирија.

Нагласувајќи дека Европа страдала од заканата на ДЕАШ, Грахам изјави дека стратегијата по ДЕАШ треба да биде различна отколку борбата против ДЕАШ.

„Доколку немаме план за игра, Турција ќе влезе во Сирија и ќе се справи со заканата од ЈПГ“, изјави тој.

„Курдите на ЈПГ во очите на Турција се огранок на ПКК, и тие нема да го толерираат ЈПГ на нивната граница. Ѝ го должиме ова на Турција, сојузникот, да го решиме овој проблем. Им го должиме тоа на Сириските демократски сили (SDG) да не ги напуштиме и да не дозволиме да дојде уште една војна и да ги уништи. Кој ќе ни помогне во иднина ако го направиме тоа? Потребна ни е безбеднoсна зона да се справиме со овој проблем. Трупите во таа безбедносна зона исто така треба да внимаваат на евентуалното повторно појавување на ДЕАШ. Доколку не внимаваме, Иран ќе биде најголемиот победник од повлекувањето на Западот од Сирија“, изјави тој.

Актуелниот американски секретар за одбрана, Патрик Шанахан, во своето обраќање на новинарите за време на состаноците на НАТО во Брисел изјави дека САД ќе предложат формирање на набљудувачка сила во Северна Сирија.

Од друга страна, Џозеф Војтел, шефот на Американската централна команда (CENTCOM), претходно за „Вол стрит журнал“ („The Wall Street Journal“) изјави дека САД би можеле да остават одреден број војници во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.